Showing 1213–1224 of 1243 results

NitroNotar – евидентно работење на нотар

26.040 ден
NitroNOTAR претставува софтвер за евидентирање и ефикасно управување со предмети кај нотар, електронски деловодник и архива на предмети. За секој предмет може детално да се евидентираат трошоците поврзани со него и статусот во којшто се наоѓа неговата реализација.

NitroPDF нотар конвертор подмодул за списи, решенија и доставници

9.157 ден
Овој подмодул на NitroPDF нотар конвертор овозможува автоматска подготовка на обвивки за списи, решенија и доставници за побрзо управување со предметите кај нотарите.

NitroPDF нотар конвертор

78.120 ден
NitroPDF нотар конвертор е софтверско решение коешто овозможува автоматизација на подготовката на документи кај нотарите. Користи повеќе конфигурабилни извори на податоци и може да продуцира повеќе видови на документи.

Софтверско решение за Интернет-продавница интегрирана со материјално и комерцијално работење

113.925 ден
Софтверско решение коешто се состои од целосна интернет продавница и подмодул од N-SMET кој служи за поврзување со Нитро интернет продавницата, во која што автоматизирано се експортираат артиклите и услугите од главниот софтвер. Овозможува групно пренесување на артикли и услуги во интернет продавницата коишто се појавуваат во документите во дефиниран период за домашни набавки, увози, резервации, реверси, фактури, авансни фактури, сторно авансни фактури, про-фактури, фискални сметки, сторно фискални сметки, испратници цени, извозни фактури и консигнации, коишто се изменети во дефиниран период во Шифрарникот на артикли и услуги, по основен дел од шифра за варијации и категории и марки на артикли. Во обратна насока, подмодулот за интернет продавница овозможува читање на нарачките од интернет продавницата во N-SMET во нови редици со документи - Резервација Интернет, Про-фактура Интернет и Фактура Интернет. Содржи и едноставен FTP клиент за размена на фајлови со интернет серверот каде што се хостира интернет продавницата.

Програма N-SMET : N-ANALIZI модул за статистички анализи на работењето

39.060 ден
Со модулот N-ANALIZI може да се врши проучување на работењето на фирмата. Содржи статистички извештаи за прометот на коминтентите во фирмата и залихата, набавките и продажбата на артиклите по периоди и сумарно за годината. Модулот овозможува вкрстено споредување на податоците од различни временски периоди.

Програма N-SMET : електронски пратки за плати

3.255 ден
Овозможува подготовка на електронски пратки за УЈП за исплата на плати на буџетски корисници.

Програма N-SMET : подмодул Наплатен центар

1.628 ден
Подмодул Наплатен центар прикажува опционални автоматизирани потсетници за Вашите обврски и побарувања, со можност за испраќање на известувања за долгови на клиентите по e-mail или SMS. Со помош на Наплатниот центар клиентите ги подмируваат своите долгови спрема Вас ажурно и овозможува Ваше почитување на Законот за финансиска дисциплина.

Програма N-SMET : подмодул N-FIN ZFD – Закон за финансиска дисциплина

1.628 ден
Подмодулот ZFD - Закон за финансиска дисциплина овозможува евиденција и потсетување за рочноста на документите. Преку панелот на подмодулот Наплатен центар може да се испраќаат автоматизирани потсетници за долговите на клиенти со е-mail и SMS пораки. Овозможува додавање на соодветните напомени на излезните документи со помош на кои можете да си ги остварите своите права што произлегуваат од Законот за финансиска дисциплина.

Nitro Basic Network Backup – софтвер кој овозможува правење на backup (резервна копија) на важните податоци на регуларна основа.

2.804 ден
Овозможува планско извршување на backup-от во одредени денови од неделата, месечно или годишно (schedule). Може да прави резервна копија во локална или WAN мрежа, или на преносен медиум. Целосно конфигурабилен. Може да се исконфигурира за да прави и задачи на одржување на компјутерот - дефрагментација на дисковите, проверка на дискот и сл. Цената се однесува на инсталација на еден компјутер.

NitroSync – програмски модул за синхронизација на податоци

20.051 ден
NitroSync е софтверско решение коешто овозможува синхронизација на податоци помеѓу сите бази на податоци и синхронизација на фајлови преку локална мрежа или телекомуникациски врски. Синхронизира податоци од едни во други табели со поддршка за сите типови на бази на податоци. Овозможува напредна синтакса во конфигурацијата со користење на SELECT команди. Се користи и како синхронизатор на фајлови од еден изворен во повеќе дестинациски директориуми.

Nitro O.R.G. – Организатор, потсетник, диспечер

3.255 ден
Nitro O.R.G. е софтверско решение за роботизирање на деловните процеси, со функционалности на организатор, потсетник и диспечер - автоматски извршувач на распоредени задачи.