ВАШИОТ СМЕТКОВОДСТВЕН РОБОТ
Нитро N-SMET
Чест ни е да Ви ги понудиме нашите софтверски решенија и ќе ни биде посебно задоволство ако се решите за нивна имплементација во Вашата фирма.
Купувајте македонски производи изработени според Вашите потреби
Софтверски решенија на НИТРО КОМПЈУТЕРИ
За наше добро - Made in Macedonia
НИТРО СМЕТКОВОДСТВО - Вашиот сметководствен робот :: Your accountant robot
Нитро N-SMET
Со модулите N-FIN (финансово работење), N-MAT (материјално работење), N-KOM (комерцијално работење), N-PLATI (плати) и N-DILER (дилерско работење) Ви помага во добрата организираност на работните процеси во фирмата, забрзување на работата и почитување на сите законски регулативи во Република Македонија.
39.060 ден.
Стартер програмскиот пакет ги вклучува модулите со основните неопходни функционалности за започнување на уредно и ажурно работење со помали трошоци за фирмата. Како што се создава потреба и напредувате во работењето, можете да вршите набавка на потребните напредни модули од сметководствениот робот.
NitroOS (N-OS), алатки за заштита на податоците и оптимизирање на системите
Нитро Компјутери разви посебен Нитро екосистем во којшто функционираат
и соработуваат меѓу себе сите Нитро апликации и алатки. Тоа е Нитро оперативен систем, NitroOS или N-OS. Покрај применетите програмски решенија развиени од софтверскиот тим според барањата на македонските фирми и институции, Нитро Компјутери разви и повеќе алатки за ефикасна заштита на податоците во локална мрежа и cloud, како и за оптимизирање на работата на серверите и работните станици. Алатките се целосно автоматизирани, со многу области на примена и овозможуваат сеопфатно конфигурирање според потребите на корисникот.
и соработуваат меѓу себе сите Нитро апликации и алатки. Тоа е Нитро оперативен систем, NitroOS или N-OS. Покрај применетите програмски решенија развиени од софтверскиот тим според барањата на македонските фирми и институции, Нитро Компјутери разви и повеќе алатки за ефикасна заштита на податоците во локална мрежа и cloud, како и за оптимизирање на работата на серверите и работните станици. Алатките се целосно автоматизирани, со многу области на примена и овозможуваат сеопфатно конфигурирање според потребите на корисникот.
ОРГАНИЗАТОР, КОНТРОЛЕР, ПОТСЕТНИК
Nitro O.R.G.
Nitro O.R.G. – Организатор, потсетник, диспечер
PLUG-IN АЛАТКИ
Nitro CryptProtect 6.510 ден
Nitro CleanUp 6.510 ден
Nitro NetworkBackup 6.510 ден
МОДУЛИ И ПОДМОДУЛИ
Нитро N-SMET
N-FIN oсновен
Програма N-SMET : N-FIN финансово модул
Финансовото работење е наменето за сметководителите. Може да функционира потполно независно од другите програмски модули (рачно да се книжи во него), но може и да се користи заедно со другите модули за автоматско генерирање на книжењата во него (подоцна во N-FIN можете да ги измените книжењата или да внесете нови). Покрај стандардните функционалности на сметководствен софтвер, содржи и подмодул за водење на основни средства и автоматска пресметка на амортизација.
N-FIN дополнителни модули и подмодули
Програма N-SMET : N-FIN Автоматска ДДВ пријава
Програма N-SMET : N-FIN Завршна сметка
Програма N-SMET : N-FIN ИОС – Извод на отворени ставки со механизми ManIOS i DynIOS
N-KOM oсновен
Програма N-SMET : N-KOM комерцијално модул
Комерцијалниот модул N-KOM oвозможува работа со сите излезни комерцијални документи, водење на лагер листа со набавна вредност и продажна вредност и следење на ДДВ во реално време. Со помош на Трговската книга може да се води прецизна ЕТ книга (Евиденција во трговијата), поврзана со ПЛТ (Приемен лист во трговијата на мало) и ДФИ (Дневен финансиски извештај), како и ЕТУ извештај (Евиденција на трговски услуги), КДФИ извештај (Книга на дневни финансиски извештаи) и многу други комерцијални извештаи.
N-KOM дополнителни модули и подмодули
Програма N-SMET : N-KOM Мат-ИОС извод на отворени ставки
Програма N-SMET : N-KOM комерцијално – робот за автоматско книжење изводи од банки
Роботот за автоматско книжење изводи од банки овозможува автоматизирана обработка на изводите преземени од сите деловни банки во земјата во комерцијалниот модул N-KOM.
Поддржани се два формати за преземање на изводите од банките, во MS Excel фајлови и во МТ940 SWIFT текст пораки со изводи.
Обработката на изводите се врши во две фази. Во првата фаза се вчитуваат податоците од изводите од банките во N-SMET и се врши проверка дали постојат сметките на комитентите и добавувачите од ставките во изводите во Шифрарникот на комитенти/добавувачи. Во втората фаза се внесуваат ставките во документи изводи во N-KOM, се врши внесување на уплатите и исплатите и се ажурираат состојбите на комитентите и добавувачите.
Ако е потребно, понатаму документите изводи од комерцијалниот модул N-KOM може да се искнижат со роботот за книжење по конта во финансовиот модул N-FIN.
Програма N-SMET : подмодул N-FIN ZFD – Закон за финансиска дисциплина
Подмодулот ZFD - Закон за финансиска дисциплина овозможува евиденција и потсетување за рочноста на документите. Преку панелот на подмодулот Наплатен центар може да се испраќаат автоматизирани потсетници за долговите на клиенти со е-mail и SMS пораки. Овозможува додавање на соодветните напомени на излезните документи со помош на кои можете да си ги остварите своите права што произлегуваат од Законот за финансиска дисциплина.
Програма N-SMET : N-KOM комерцијално подмодул за нотарско работење
Комерцијалниот модул N-KOM приспособен за работа на нотар, oвозможува лесно изработување на сите излезни документи во нотарското работење. Содржи темплејти за подготовка на комерцијалните документи кај нотарот и автоматизирано вчитување на процесираните предмети од Notarius. Со помош на Трговската книга може да се води прецизна ЕТ книга (Евиденција во трговијата), поврзана со ПЛТ (Приемен лист во трговијата на мало) и ДФИ (Дневен финансиски извештај), како и ЕТУ извештај (Евиденција на трговски услуги), КДФИ извештај (Книга на дневни финансиски извештаи) и многу други комерцијални извештаи.
N-MAT oсновен
Програма N-SMET : N-MAT материјално модул
N-MAT e модул на N-SMET којшто овозможува сеопфатно материјално работење, вклучува многу различни влезни документи како ПЛТ поврзано со целосна ТРГОВСКА КНИГА. Вградени се многу излезни документи и модулот овозможува прецизно евидентирање на материјални состојби. Материјалните извештаи опфаќаат и Преглед и регистрација на дневен промет, Набавна вредност и маржа на излезни документи, МЕТГ извештај, Лагер листа, Промет по денови, Влез/излез по артикли, Картичка за артикал, Промет на коминтент, Состојба на коминтент и многу други.
N-MAT дополнителни модули и подмодули
Програма N-SMET : напредно производство
Програма N-SMET : нормирање на 2 нивоа и напредни калкулации
Подмодул на N-MAT којшто овозможува нормирање на 2 нивоа, на прво ниво репро материјал којшто се користи во производството и второ ниво нормирање на суровините коишто се трошат за производство на репро материјалите. Содржи напредни калкулации за потрошувачката на суровини и тежината, димензиите и волуменот на репро материјалите и крајните производи. Се користи при напредното производство во фабрики.
Програма N-SMET : модул напредно управување со количини на артикли
Подмодулот за напредно управување со количини овозможува нови полиња во деталите за артиклот, преку коишто може да се дефинираат Праг 2 за количина од која програмата ќе почне да ги предупредува корисниците за количината и Праг 1 за минимална количина и приближување кон целосно трошење на лагерот од артиклот.
N-PLATI oсновен
Програма N-SMET : N-PLATI плати модул
N-PLATI дополнителни модули и подмодули
Програма N-SMET : N-PLATI модул електронско известување
N-DILER oсновен
Програма N-SMET : N-DILER модул за дилерско работење
Модулот за дилерско работење N-DILER овозможува водење на неограничено многу нивоа на соработници. Се интегрира со N-SMET за автоматска пресметка на цените на дилерите според доделеното ниво. Содржи функционалности за подготовка на ценовници според дилерско ниво, експортирање и импортирање на податоци.
N-ANALIZI
Програма N-SMET : N-ANALIZI модул за статистички анализи на работењето
Со модулот N-ANALIZI може да се врши проучување на работењето на фирмата. Содржи статистички извештаи за прометот на коминтентите во фирмата и залихата, набавките и продажбата на артиклите по периоди и сумарно за годината. Модулот овозможува вкрстено споредување на податоците од различни временски периоди.
N-INTERNET
Софтверско решение за Интернет-продавница интегрирана со материјално и комерцијално работење
Софтверско решение коешто се состои од целосна интернет продавница и подмодул од N-SMET кој служи за поврзување со Нитро интернет продавницата, во која што автоматизирано се експортираат артиклите и услугите од главниот софтвер. Овозможува групно пренесување на артикли и услуги во интернет продавницата коишто се појавуваат во документите во дефиниран период за домашни набавки, увози, резервации, реверси, фактури, авансни фактури, сторно авансни фактури, про-фактури, фискални сметки, сторно фискални сметки, испратници цени, извозни фактури и консигнации, коишто се изменети во дефиниран период во Шифрарникот на артикли и услуги, по основен дел од шифра за варијации и категории и марки на артикли. Во обратна насока, подмодулот за интернет продавница овозможува читање на нарачките од интернет продавницата во N-SMET во нови редици со документи - Резервација Интернет, Про-фактура Интернет и Фактура Интернет. Содржи и едноставен FTP клиент за размена на фајлови со интернет серверот каде што се хостира интернет продавницата.
Document Management System
NitroDMS - електронски деловодник и архива
NitroDMS КОНФИГУРАЦИИ И АЛАТКИ
NitroDMS – електронски деловодник и архива (Document Management System)
NitroDMS претставува софтвер за управување со документи, електронски деловодник и архива на документи. Имате можност за водење на свој план на архивски знаци со рокови за чување на документарниот материјал. Се води посебна редица за документите кои имаат изминат рок и NitroDMS нуди нивно трајно и неповратно уништување со опционалниот патентиран Nitro WipeDestroy подмодул.
NitroDMS Нотар – електронски деловодник и архива за нотар (Document Management System)
NitroDMS претставува софтвер за управување со документи, електронски деловодник и архива на документи, прилагоден за работа на нотари. Содржи можност за водење на свој план на архивски знаци со рокови за чување на документарниот материјал. Се води посебна редица за документите кои имаат изминат рок и NitroDMS нуди нивно трајно и неповратно уништување со опционалниот патентиран NitroDestroy подмодул.
Nitro WipeDestroy – неповратно бришење на податоци од медиум
Nitro WipeDestroy е алатка којашто овозможува патентирано неповратно бришење на податоци од медиумите каде што тие се сместени, со повеќекратно бришење на податоците и запишување врз нив на податоци генерирани на произволен начин. Се интегрира во NitroOS (оперативен систем) со другите Нитро апликации и алатки.
ОРГАНИЗАТОР, КОНТРОЛЕР, ПОТСЕТНИК СО МОЌНИ PLUG-IN АЛАТКИ
Nitro O.R.G.
Nitro O.R.G.
Nitro O.R.G. – Организатор, потсетник, диспечер
PLUG-IN АЛАТКИ, ФУНКЦИОНИРААТ И НЕЗАВИСНО ОД O.R.G.
Nitro CryptProtect – заштита од ransomware – вируси за откуп
Nitro CleanUP – чистење на непотребните фајлови од дисковите
Nitro Network Backup – резервни копии за заштита на податоците
Бази на податоци, синхронизација на фајлови и резервни копии
НИТРО АЛАТКИ
NitroSync – програмски модул за синхронизација на податоци
NitroSync е софтверско решение коешто овозможува синхронизација на податоци помеѓу сите бази на податоци и синхронизација на фајлови преку локална мрежа или телекомуникациски врски.
Синхронизира податоци од едни во други табели со поддршка за сите типови на бази на податоци. Овозможува напредна синтакса во конфигурацијата со користење на SELECT команди.
Се користи и како синхронизатор на фајлови од еден изворен во повеќе дестинациски директориуми.
Nitro Basic Network Backup – софтвер кој овозможува правење на backup (резервна копија) на важните податоци на регуларна основа.
Овозможува планско извршување на backup-от во одредени денови од неделата, месечно или годишно (schedule). Може да прави резервна копија во локална или WAN мрежа, или на преносен медиум. Целосно конфигурабилен. Може да се исконфигурира за да прави и задачи на одржување на компјутерот - дефрагментација на дисковите, проверка на дискот и сл. Цената се однесува на инсталација на еден компјутер.
Алатки и апликации за работење на
НОТАР и ИЗВРШИТЕЛ
NitroNotarNPN – апликација за автоматизирана подготовка на решенија за нотарски платен налог
NitroNotar – евидентно работење на нотар
Nitro Изв конвертор – програма за евиденција и пресметки на извршител
НитроНотарПредмети :: NitroNotarPredmeti – програма за работа со предмети кај нотар
NitroPDF нотар конвертор
NitroPDF нотар конвертор подмодул за списи, решенија и доставници
Професионални специјализирани