Во потрага по перфекција, ги зголемуваме можностите...
Searching for perfection, expanding possibilities...

НИТРО КОМПЈУТЕРИ, ЦЕЛОСНО РЕШЕНИЕ ЗА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

Нитро Компјутери е македонска ИТ фирма која се занимава со сите области на информатиката и дизајнот
8623
ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ
35
ГОДИНИ ИСКУСТВО
537
РАЗВИЕН СОФТВЕР
2692
СЕРВИСИ НА ТЕРЕН
36172
ПРОДАДЕН ХАРДВЕР
207
ДИЗАЈН И АНИМАЦИЈА

Ние ја претвораме
Вашата идеја во реалност

Нитро Компјутери е македонска ИТ фирма која се занимава со сите области на Информатичката Технологија и дизајнот. Тимовите на фирмата вршат изработка на софтвер, интернет продавници поврзани со нашиот комерцијален сметководствен софтвер Нитро N-SMET, продажба на хардвер, консулатации во врска со информатичката технологија, извршување на технички и електронски сервис, како и дизајн и подготовки за печатење, компјутерската анимација, реклами и визуелизации на станбени и деловни простори.

Тимовите на фирмата вложуваат голем напор на своите корисници да им ги овозможат сите ИТ услуги, да проектираат и имплементираат целосна системска интеграција на различните компоненти на системите на клиентите. Нитро Компјутери може да биде комплетен добавувач на своите клиенти, како за потребниот стандарден или прилагоден софтвер, така и за хардверот и услугите на одржување на опремата и системите. Во потрага по перфектно извршување на задачите, ги оптимизираме условите и ги зголемуваме можностите за своите клиенти.

Нитро Компјутери ги извршува следните дејности:

  • Изработка на компјутерски програми и продажба на софтвер од други добавувачи
  • Програмирање и дизајн на интернет продавници поврзани со главен комерцијален, материјален и финансов систем
  • Продажба на компјутери, лаптопи, печатачи, мултифункциски уреди, бела техника, апарати за домаќинство, мрежна опрема, дигитални камери, DVD, MP3/4 плејери и друга модерна техника
  • Професионален електронски и компјутерски технички сервис
  • Инсталација и одржување на компјутерски локални и телекомуникациски мрежи, сервери и работни станици
  • Инсталација и одржување на системи за видео надзор, аналогни видео и IP камери
  • Инсталација и одржување на дигитални телефонски централи и телефони
  • Полнење на тонери за ласерски печатачи и кертриџи за инк-џет и фото печатачи
  • Дизајн и изработка на web страници
  • Компјутерска анимација, изработка на реклами и визуелизации на станбен и деловен простор, згради, куќи, архитектонски проекти
  • Дизајн и подготовки за печатење

Што работиме?

icon-hardver

ПРОДАЖБА НА ХАРДВЕР И СОФТВЕР

НИТРО КОМПЈУТЕРИ има долгогодишно искуство во продажба на компјутери, лаптопи, печатачи, мултифункциски уреди, бела техника, апарати за домаќинство, мрежна опрема, дигитални камери, DVD, MP3/4 плејери и друга модерна техника. Исто така, врши продажба на софтвер од свое и туѓо производство, како оперативни системи и антивируси.

services_gear_hand_icon_gray

ТЕХНИЧКИ СЕРВИС

Вршиме поправка и одржуваме десктоп компјутери, лаптопи, таблети, печатачи, сервери, мрежна опрема, опрема за видео надзор, дигитални телефонски централи и друга модерна техника. Полниме тонери за ласерски печатачи и кертриџи за инк-џет и фото печатачи.

nwtwork_icon_gray

ОДРЖУВАЊЕ МРЕЖИ, ХАРДВЕР И СОФТВЕР

Имаме сеопфатно искуство во инсталација и одржување на софтвер, компјутерски локални и телекомуникациски мрежи, сервери и работни станици, системи за видео надзор, аналогни видео и IP камери, дигитални телефонски централи и телефони. Нашиот тим дава 24/7 поддршка на ценетите корисници, за користење на програмите, мрежите и хардверот.

icon-code

ИЗРАБОТКА НА СОФТВЕР

Чест ни е да Ви ги понудиме нашите софтверски решенија и ќе ни биде посебно задоволство ако се решите за нивна имплементација. Во соработка со Вас, можеме да ги изработиме и сите специјализирани решенија за Вашите потреби.

icon-shop

ИЗРАБОТКА НА WEB SHOP

Изработуваме интернет продавници и нивно автоматско поврзување со Нитро N-SMET – нашиот софтвер за комерцијално и материјално работење и сметководство. Дизајнираме и изработуваме web страници за сите потреби.

icon-animacija

ДИЗАЈН, АНИМАЦИЈА И ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА

Имаме долгогодишно искуство во дизајнот на интернет страници, списанија, флаери, брошури, како и изработка на реклами, анимации и визуелизации на станбен и деловен простор. При изработката на овие проекти се користи врвна технологија и се посветува посебно внимание од страна на нашиот тим.

Историја на развој

NitroSoft
Активносите на Нитро Компјутери започнуваат во 1991 година, како резултат на ентузијазмот на тројца ученици во средното училиште Раде Јовчевски – Корчагин. Тогаш се оформува тимот од тројца програмери, наречен NitroSoft. Овој тим работи само софтверски проекти, и меѓу другото, ги изработува т.н. Nitro Utilities, прв помошен софтвер изработен во Република Македонија. Понатаму NitroSoft ги изработува следните проекти, во програмскиот case јазик Clipper:
• Нитро Видео Клуб, го имаат користено неколку приватни видео клубови;
• Уписи во средни училишта, за своите уписи долго време го имаат користено Средното Трговско Училиште и Средното Економско Училиште Арсени Јовков;
• Нитро Фактурирање, сеуште го користат неколку приватни фирми и сметководствени бироа;
• Финансово и Материјално книговодство, долго време го користеше Музичка и Касетна продукција во Македонска Радио Телевизија
и други проекти.

Nitro Computers
Понатаму NitroSoft продолжува со работа во останатите домени на Информатичката Технологија со негово преименување во Нитро Компјутери.
Нитро Компјутери, покрај изработката на софтвер се занимава и со:
• Подготовка на списанија, книги и брошури, Desktop Publishing. Нитро Компјутери за прв пат во Република Македонија има пренесено неделен весник на целосно уредување на персонални компјутери, наместо дотогашната изработка во печатница, до стадиум на паус. Се работи за весникот Македонско Сонце. Во долгогодишна соработа со фирмите Финансиски Консалтинг и Димитров Ревизија, Нитро Компјутери има изработено за нив многу списанија, месечни билтени, книговодствени книги и сл. Меѓу останатите изданија кои се уредувани од Нитро Компјутери се наоѓаат и: Стоматолошки Терминолошки Речник на д-р. Љупка Матовска, списанијата Кинг и Борба и други. Нитро Компјутери има комплетна изработка, составување и дизајн на свои Англиско-Македонски речник и Француско-Македонски речник и други;
• Реклами, анимации и визуелизации. Меѓу другите проекти тука ќе ги напоменеме: KWON – реклама за боречки спортови, серија емисии Карате-ДО, серија емисиии Мегабајт, ТЕМПУС – проект во Министерство за образование, емисии Ѕвон, Пулси Квиз и Пулсирања и слични;
• Продажба на свои компјутерски конфигурации за фирми и домашни корисници;
• Инсталација на локални мрежи и изработка на телекомуникациски решенија;
• Технички сервис – целосен компјутерски и електронски сервис;
• Изработка на нов софтвер:
– Nitro N-SMET Нитро Сметководство – Вашиот сметководствен робот :: Nitro N-SMET :: Your accountant robot.
Ново Финансово, Материјално, Комерцијално книговодство, Плати и
Дилерско работење за Windows платформа.
– Nitro O.R.G. – ОРГАНИЗАТОР / КОНТРОЛЕР / ПОТСЕТНИК
– Nitro Sync – СИНХРОНИЗАТОР ЗА СИТЕ ВИДОВИ БАЗИ
И ДАТОТЕКИ
– Nitro DMS – ДОКУМЕНТ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМ
СКЕНИРАЊЕ И ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДОКУМЕНТИ
– Nitro BAZA – АЛАТКА ЗА БАЗИ НА ПОДАТОЦИ
– Nitro M.O.N. – ЦЕЛОСЕН ДАЛЕЧИНСКИ МОНИТОРИНГ
– еПаричник – домашно книговодство
– Paddle-War – флипероидна игричка
– Disk – читање и каталогизација на компакт дискови, дискети
– Аеродром – програма за работа на аеродром, распоред на летови, резервација на места
– Натпревари ASP.NET – апликација во ASP.NET за организирање на натпревари
и повеќе други…