НИТРО КОМПЈУТЕРИ, ЦЕЛОСНО РЕШЕНИЕ ЗА ВАШИОТ БИЗНИС
Web, 3D & DTP Studio

ДИЗАЈН СТУДИО

Една од активностите што ги изведува Нитро Компјутери е дизајн на модерни интернет страници. Интернет страницата може да се поврзе со главниот софтвер на фирмата, ERP - Enterprise Resource Planning софтвер, како што е Нитро N-SMET со неговите модули за комерцијално, материјално, финансово и дилерско работење, пресметка на плати и деловни анализи.
Нитро Компјутери има изработено голем број на проекти во областа на компјутерската анимација, реклами и визуелизации на станбени и деловни простори. При изработката на овие проекти користена е врвна технологија и посветено е посебно внимание од страна на неговите дизајнери.
Нитро Компјутери има долгогодишно искуство во подготовка на различни изданија, списанија, книги, флаери и брошури. Нитро Компјутери за прв пат во Република Македонија има пренесено неделен весник на целосно уредување на персонални компјутери, наместо дотогашната изработка во печатница, до стадиум на паус.

Реклами, анимации за телевизии, проекти

Визуелизација и анимација

на станбен и деловен простор, згради, куќи, архитектонски проекти. Изработката вклучува и проектирање.
Изработка на целосен 3D модел на објектите со реални текстури и амбиент. Вашите проекти оживуваат пред да станат реални.
За неповторливо уживање на гледачите!