NitroNotar – евидентно работење на нотар
NitroPDF нотар конвертор подмодул за списи, решенија и доставници
NitroPDF нотар конвертор
Софтверско решение за Интернет-продавница интегрирана со материјално и комерцијално работење
Софтверско решение коешто се состои од целосна интернет продавница и подмодул од N-SMET кој служи за поврзување со Нитро интернет продавницата, во која што автоматизирано се експортираат артиклите и услугите од главниот софтвер. Овозможува групно пренесување на артикли и услуги во интернет продавницата коишто се појавуваат во документите во дефиниран период за домашни набавки, увози, резервации, реверси, фактури, авансни фактури, сторно авансни фактури, про-фактури, фискални сметки, сторно фискални сметки, испратници цени, извозни фактури и консигнации, коишто се изменети во дефиниран период во Шифрарникот на артикли и услуги, по основен дел од шифра за варијации и категории и марки на артикли. Во обратна насока, подмодулот за интернет продавница овозможува читање на нарачките од интернет продавницата во N-SMET во нови редици со документи - Резервација Интернет, Про-фактура Интернет и Фактура Интернет. Содржи и едноставен FTP клиент за размена на фајлови со интернет серверот каде што се хостира интернет продавницата.
Програма N-SMET : N-ANALIZI модул за статистички анализи на работењето
Со модулот N-ANALIZI може да се врши проучување на работењето на фирмата. Содржи статистички извештаи за прометот на коминтентите во фирмата и залихата, набавките и продажбата на артиклите по периоди и сумарно за годината. Модулот овозможува вкрстено споредување на податоците од различни временски периоди.
Програма N-SMET : подмодул Наплатен центар
Подмодул Наплатен центар прикажува опционални автоматизирани потсетници за Вашите обврски и побарувања, со можност за испраќање на известувања за долгови на клиентите по e-mail или SMS. Со помош на Наплатниот центар клиентите ги подмируваат своите долгови спрема Вас ажурно и овозможува Ваше почитување на Законот за финансиска дисциплина.
Програма N-SMET : подмодул N-FIN ZFD – Закон за финансиска дисциплина
Подмодулот ZFD - Закон за финансиска дисциплина овозможува евиденција и потсетување за рочноста на документите. Преку панелот на подмодулот Наплатен центар може да се испраќаат автоматизирани потсетници за долговите на клиенти со е-mail и SMS пораки. Овозможува додавање на соодветните напомени на излезните документи со помош на кои можете да си ги остварите своите права што произлегуваат од Законот за финансиска дисциплина.
Nitro Basic Network Backup – софтвер кој овозможува правење на backup (резервна копија) на важните податоци на регуларна основа.
Овозможува планско извршување на backup-от во одредени денови од неделата, месечно или годишно (schedule). Може да прави резервна копија во локална или WAN мрежа, или на преносен медиум. Целосно конфигурабилен. Може да се исконфигурира за да прави и задачи на одржување на компјутерот - дефрагментација на дисковите, проверка на дискот и сл. Цената се однесува на инсталација на еден компјутер.
NitroSync – програмски модул за синхронизација на податоци
NitroSync е софтверско решение коешто овозможува синхронизација на податоци помеѓу сите бази на податоци и синхронизација на фајлови преку локална мрежа или телекомуникациски врски.
Синхронизира податоци од едни во други табели со поддршка за сите типови на бази на податоци. Овозможува напредна синтакса во конфигурацијата со користење на SELECT команди.
Се користи и како синхронизатор на фајлови од еден изворен во повеќе дестинациски директориуми.