Прочистување од вируси, тројански коњи, црви и друг малициозен софтвер на хард дискот + софтверска оптимизација и средување на драјверите на Вашиот лаптоп / компјутер / таблет – Промотивна услуга
• Целосно прочистување на Вашиот лаптоп, компјутер или таблет од вируси, тројански коњи, црви и други малициозни софтвери и несакани програми.
• Инсталација на нов антивирусен софтвер и ажурирање на антивирусни дефиниции.
• Изборен 30% попуст на лиценца за антивирусен софтвер.
• Софтверска оптимизација на уредот.
• Средување на драјверите.
Дијагностика на функционалноста и детално чистење на лаптоп или PC – Промотивна услуга
Дијагностика на исправноста и функционалноста на десктоп компјутер или лаптоп која опфаќа:
• проверка на исправноста на компјутерските компоненти со детални тестови на секоја компонента
• целосно отворање на системот и проверка на протокот на воздух и исправноста на вентилаторите и кулерите
• проверка на температурите на загревање на матичната плоча, процесор, хард диск
• стручни предлози за подобрување на работата на Вашиот компјутер / лаптоп
Целосно механичко чистење на компјутер или лаптоп, одделно на секоја од следните компоненти:
• матичната плоча
• графичката карта
• напојувањето со струја
• системите за ладење на процесорот и
• хард дискот
Запушувањето на вентилаторите и системите за ладење на процесорот, хард дискот, графичката карта и напојувањето со струја може да предизвикаат сериозни проблеми во работата на Вашиот компјутерски систем. Покрај лошото функционирање на овие компјутерски компоненти, може да дојде и до нивно прегорување поради прегревање, а тоа прегорување да повлече откажување и на низа други компоненти од компјутерскиот систем. Затоа се препорачува редовен компјутерски сервис, на временски период од максимум 6 месеци. Нитро Компјутери реши да Ви ја даде оваа одлична промоција за да ги заштедите Вашите пари.
Nitro WipeDestroy – неповратно бришење на податоци од медиум
Nitro WipeDestroy е алатка којашто овозможува патентирано неповратно бришење на податоци од медиумите каде што тие се сместени, со повеќекратно бришење на податоците и запишување врз нив на податоци генерирани на произволен начин. Се интегрира во NitroOS (оперативен систем) со другите Нитро апликации и алатки.
Nitro Network Backup – резервни копии за заштита на податоците
Nitro CleanUP – чистење на непотребните фајлови од дисковите
Nitro CryptProtect – заштита од ransomware – вируси за откуп
СТАРТЕР ПРОГРАМСКИ ПАКЕТ Нитро N-SMET Нитро Сметководство – Вашиот сметководствен робот :: Nitro N-SMET :: Your accountant robot
Со модулите N-FIN (финансово работење), N-MAT (материјално работење), N-KOM (комерцијално работење), N-PLATI (плати) и N-DILER (дилерско работење) Ви помага во добрата организираност на работните процеси во фирмата, забрзување на работата и почитување на сите законски регулативи во Република Македонија. Стартер програмскиот пакет ги вклучува модулите со основните неопходни функционалности за започнување на уредно и ажурно работење со помали трошоци за фирмата. Како што се создава потреба и напредувате во работењето, можете да вршите набавка на потребните напредни модули од сметководствениот робот.