Програма N-SMET : N-MAT материјално модул
N-MAT e модул на N-SMET којшто овозможува сеопфатно материјално работење, вклучува многу различни влезни документи како ПЛТ поврзано со целосна ТРГОВСКА КНИГА. Вградени се многу излезни документи и модулот овозможува прецизно евидентирање на материјални состојби. Материјалните извештаи опфаќаат и Преглед и регистрација на дневен промет, Набавна вредност и маржа на излезни документи, МЕТГ извештај, Лагер листа, Промет по денови, Влез/излез по артикли, Картичка за артикал, Промет на коминтент, Состојба на коминтент и многу други.
Програма N-SMET : N-KOM комерцијално подмодул за нотарско работење
Комерцијалниот модул N-KOM приспособен за работа на нотар, oвозможува лесно изработување на сите излезни документи во нотарското работење. Содржи темплејти за подготовка на комерцијалните документи кај нотарот и автоматизирано вчитување на процесираните предмети од Notarius. Со помош на Трговската книга може да се води прецизна ЕТ книга (Евиденција во трговијата), поврзана со ПЛТ (Приемен лист во трговијата на мало) и ДФИ (Дневен финансиски извештај), како и ЕТУ извештај (Евиденција на трговски услуги), КДФИ извештај (Книга на дневни финансиски извештаи) и многу други комерцијални извештаи.
Програма N-SMET : N-KOM Мат-ИОС извод на отворени ставки
Програма N-SMET : N-KOM комерцијално модул
Комерцијалниот модул N-KOM oвозможува работа со сите излезни комерцијални документи, водење на лагер листа со набавна вредност и продажна вредност и следење на ДДВ во реално време. Со помош на Трговската книга може да се води прецизна ЕТ книга (Евиденција во трговијата), поврзана со ПЛТ (Приемен лист во трговијата на мало) и ДФИ (Дневен финансиски извештај), како и ЕТУ извештај (Евиденција на трговски услуги), КДФИ извештај (Книга на дневни финансиски извештаи) и многу други комерцијални извештаи.