NitroNotarNPN – апликација за автоматизирана подготовка на решенија за нотарски платен налог
NitroNotar – евидентно работење на нотар
NitroPDF нотар конвертор подмодул за списи, решенија и доставници
NitroPDF нотар конвертор
Програма N-SMET : подмодул N-FIN ZFD – Закон за финансиска дисциплина
Подмодулот ZFD - Закон за финансиска дисциплина овозможува евиденција и потсетување за рочноста на документите. Преку панелот на подмодулот Наплатен центар може да се испраќаат автоматизирани потсетници за долговите на клиенти со е-mail и SMS пораки. Овозможува додавање на соодветните напомени на излезните документи со помош на кои можете да си ги остварите своите права што произлегуваат од Законот за финансиска дисциплина.
Nitro Basic Network Backup – софтвер кој овозможува правење на backup (резервна копија) на важните податоци на регуларна основа.
Овозможува планско извршување на backup-от во одредени денови од неделата, месечно или годишно (schedule). Може да прави резервна копија во локална или WAN мрежа, или на преносен медиум. Целосно конфигурабилен. Може да се исконфигурира за да прави и задачи на одржување на компјутерот - дефрагментација на дисковите, проверка на дискот и сл. Цената се однесува на инсталација на еден компјутер.
NitroSync – програмски модул за синхронизација на податоци
NitroSync е софтверско решение коешто овозможува синхронизација на податоци помеѓу сите бази на податоци и синхронизација на фајлови преку локална мрежа или телекомуникациски врски.
Синхронизира податоци од едни во други табели со поддршка за сите типови на бази на податоци. Овозможува напредна синтакса во конфигурацијата со користење на SELECT команди.
Се користи и како синхронизатор на фајлови од еден изворен во повеќе дестинациски директориуми.
Nitro O.R.G. – Организатор, потсетник, диспечер
NitroDMS Нотар – електронски деловодник и архива за нотар (Document Management System)
NitroDMS претставува софтвер за управување со документи, електронски деловодник и архива на документи, прилагоден за работа на нотари. Содржи можност за водење на свој план на архивски знаци со рокови за чување на документарниот материјал. Се води посебна редица за документите кои имаат изминат рок и NitroDMS нуди нивно трајно и неповратно уништување со опционалниот патентиран NitroDestroy подмодул.
Програма N-SMET : модул напредно управување со количини на артикли
Подмодулот за напредно управување со количини овозможува нови полиња во деталите за артиклот, преку коишто може да се дефинираат Праг 2 за количина од која програмата ќе почне да ги предупредува корисниците за количината и Праг 1 за минимална количина и приближување кон целосно трошење на лагерот од артиклот.