Програма N-SMET : N-KOM комерцијално модул
Комерцијалниот модул N-KOM oвозможува работа со сите излезни комерцијални документи, водење на лагер листа со набавна вредност и продажна вредност и следење на ДДВ во реално време. Со помош на Трговската книга може да се води прецизна ЕТ книга (Евиденција во трговијата), поврзана со ПЛТ (Приемен лист во трговијата на мало) и ДФИ (Дневен финансиски извештај), како и ЕТУ извештај (Евиденција на трговски услуги), КДФИ извештај (Книга на дневни финансиски извештаи) и многу други комерцијални извештаи.