Програма N-SMET : N-ANALIZI модул за статистички анализи на работењето
Со модулот N-ANALIZI може да се врши проучување на работењето на фирмата. Содржи статистички извештаи за прометот на коминтентите во фирмата и залихата, набавките и продажбата на артиклите по периоди и сумарно за годината. Модулот овозможува вкрстено споредување на податоците од различни временски периоди.
Програма N-SMET : подмодул Наплатен центар
Подмодул Наплатен центар прикажува опционални автоматизирани потсетници за Вашите обврски и побарувања, со можност за испраќање на известувања за долгови на клиентите по e-mail или SMS. Со помош на Наплатниот центар клиентите ги подмируваат своите долгови спрема Вас ажурно и овозможува Ваше почитување на Законот за финансиска дисциплина.
Програма N-SMET : подмодул N-FIN ZFD – Закон за финансиска дисциплина
Подмодулот ZFD - Закон за финансиска дисциплина овозможува евиденција и потсетување за рочноста на документите. Преку панелот на подмодулот Наплатен центар може да се испраќаат автоматизирани потсетници за долговите на клиенти со е-mail и SMS пораки. Овозможува додавање на соодветните напомени на излезните документи со помош на кои можете да си ги остварите своите права што произлегуваат од Законот за финансиска дисциплина.
Nitro Basic Network Backup – софтвер кој овозможува правење на backup (резервна копија) на важните податоци на регуларна основа.
Овозможува планско извршување на backup-от во одредени денови од неделата, месечно или годишно (schedule). Може да прави резервна копија во локална или WAN мрежа, или на преносен медиум. Целосно конфигурабилен. Може да се исконфигурира за да прави и задачи на одржување на компјутерот - дефрагментација на дисковите, проверка на дискот и сл. Цената се однесува на инсталација на еден компјутер.
NitroSync – програмски модул за синхронизација на податоци
NitroSync е софтверско решение коешто овозможува синхронизација на податоци помеѓу сите бази на податоци и синхронизација на фајлови преку локална мрежа или телекомуникациски врски.
Синхронизира податоци од едни во други табели со поддршка за сите типови на бази на податоци. Овозможува напредна синтакса во конфигурацијата со користење на SELECT команди.
Се користи и како синхронизатор на фајлови од еден изворен во повеќе дестинациски директориуми.
Nitro O.R.G. – Организатор, потсетник, диспечер
NitroDMS Нотар – електронски деловодник и архива за нотар (Document Management System)
NitroDMS претставува софтвер за управување со документи, електронски деловодник и архива на документи, прилагоден за работа на нотари. Содржи можност за водење на свој план на архивски знаци со рокови за чување на документарниот материјал. Се води посебна редица за документите кои имаат изминат рок и NitroDMS нуди нивно трајно и неповратно уништување со опционалниот патентиран NitroDestroy подмодул.
NitroDMS – електронски деловодник и архива (Document Management System)
NitroDMS претставува софтвер за управување со документи, електронски деловодник и архива на документи. Имате можност за водење на свој план на архивски знаци со рокови за чување на документарниот материјал. Се води посебна редица за документите кои имаат изминат рок и NitroDMS нуди нивно трајно и неповратно уништување со опционалниот патентиран Nitro WipeDestroy подмодул.
Програма N-SMET : N-DILER модул за дилерско работење
Модулот за дилерско работење N-DILER овозможува водење на неограничено многу нивоа на соработници. Се интегрира со N-SMET за автоматска пресметка на цените на дилерите според доделеното ниво. Содржи функционалности за подготовка на ценовници според дилерско ниво, експортирање и импортирање на податоци.