Прикажувам 1–12 од 43 резултати

Програма N-SMET : N-KOM комерцијално – робот за автоматско книжење изводи од банки

5.681 ден
Роботот за автоматско книжење изводи од банки овозможува автоматизирана обработка на изводите преземени од сите деловни банки во земјата во комерцијалниот модул N-KOM. Поддржани се два формати за преземање на изводите од банките, во MS Excel фајлови и во МТ940 SWIFT текст пораки со изводи. Обработката на изводите се врши во две фази. Во првата фаза се вчитуваат податоците од изводите од банките во N-SMET и се врши проверка дали постојат сметките на комитентите и добавувачите од ставките во изводите во Шифрарникот на комитенти/добавувачи. Во втората фаза се внесуваат ставките во документи изводи во N-KOM, се врши внесување на уплатите и исплатите и се ажурираат состојбите на комитентите и добавувачите. Ако е потребно, понатаму документите изводи од комерцијалниот модул N-KOM може да се искнижат со роботот за книжење по конта во финансовиот модул N-FIN.

Софтверско решение за Интернет-продавница интегрирана со материјално и комерцијално работење

113.925 ден
Софтверско решение коешто се состои од целосна интернет продавница и подмодул од N-SMET кој служи за поврзување со Нитро интернет продавницата, во која што автоматизирано се експортираат артиклите и услугите од главниот софтвер. Овозможува групно пренесување на артикли и услуги во интернет продавницата коишто се појавуваат во документите во дефиниран период за домашни набавки, увози, резервации, реверси, фактури, авансни фактури, сторно авансни фактури, про-фактури, фискални сметки, сторно фискални сметки, испратници цени, извозни фактури и консигнации, коишто се изменети во дефиниран период во Шифрарникот на артикли и услуги, по основен дел од шифра за варијации и категории и марки на артикли. Во обратна насока, подмодулот за интернет продавница овозможува читање на нарачките од интернет продавницата во N-SMET во нови редици со документи - Резервација Интернет, Про-фактура Интернет и Фактура Интернет. Содржи и едноставен FTP клиент за размена на фајлови со интернет серверот каде што се хостира интернет продавницата.

Програма N-SMET : N-ANALIZI модул за статистички анализи на работењето

39.060 ден
Со модулот N-ANALIZI може да се врши проучување на работењето на фирмата. Содржи статистички извештаи за прометот на коминтентите во фирмата и залихата, набавките и продажбата на артиклите по периоди и сумарно за годината. Модулот овозможува вкрстено споредување на податоците од различни временски периоди.

Програма N-SMET : подмодул Наплатен центар

1.628 ден
Подмодул Наплатен центар прикажува опционални автоматизирани потсетници за Вашите обврски и побарувања, со можност за испраќање на известувања за долгови на клиентите по e-mail или SMS. Со помош на Наплатниот центар клиентите ги подмируваат своите долгови спрема Вас ажурно и овозможува Ваше почитување на Законот за финансиска дисциплина.

NitroDMS – електронски деловодник и архива (Document Management System)

16.275 ден
NitroDMS претставува софтвер за управување со документи, електронски деловодник и архива на документи. Имате можност за водење на свој план на архивски знаци со рокови за чување на документарниот материјал. Се води посебна редица за документите кои имаат изминат рок и NitroDMS нуди нивно трајно и неповратно уништување со опционалниот патентиран Nitro WipeDestroy подмодул.

Програма N-SMET : N-DILER модул за дилерско работење

5.208 ден
Модулот за дилерско работење N-DILER овозможува водење на неограничено многу нивоа на соработници. Се интегрира со N-SMET за автоматска пресметка на цените на дилерите според доделеното ниво. Содржи функционалности за подготовка на ценовници според дилерско ниво, експортирање и импортирање на податоци.

Програма N-SMET : N-PLATI модул електронско известување

2.587 ден
Подмодулот за електронско известување на N-PLATI овозможува автоматизирано испраќање на пресметките и извештаите за плати и дополнителни приходи до вработените и други поврзани лица.

Програма N-SMET : N-PLATI плати модул

9.690 ден
Модулот N-PLATI овозможува автоматизирана пресметка на плати, додатоци на бруто и нето плата, пресметка на изминат труд, задршки на плата, евиденција на исплатите на дополнителни приходи и обврските за персонален данок.

Програма N-SMET : нормирање на 2 нивоа и напредни калкулации

26.040 ден
Подмодул на N-MAT којшто овозможува нормирање на 2 нивоа, на прво ниво репро материјал којшто се користи во производството и второ ниво нормирање на суровините коишто се трошат за производство на репро материјалите. Содржи напредни калкулации за потрошувачката на суровини и тежината, димензиите и волуменот на репро материјалите и крајните производи. Се користи при напредното производство во фабрики.