Showing 397–408 of 427 results

Прочистување од вируси, тројански коњи, црви и друг малициозен софтвер на хард дискот + софтверска оптимизација и средување на драјверите на Вашиот лаптоп / компјутер / таблет – Промотивна услуга

800 ден
• Целосно прочистување на Вашиот лаптоп, компјутер или таблет од вируси, тројански коњи, црви и други малициозни софтвери и несакани програми. • Инсталација на нов антивирусен софтвер и ажурирање на антивирусни дефиниции. • Изборен 30% попуст на лиценца за антивирусен софтвер. • Софтверска оптимизација на уредот. • Средување на драјверите.

Дијагностика на функционалноста и детално чистење на лаптоп или PC – Промотивна услуга

900 ден
Дијагностика на исправноста и функционалноста на десктоп компјутер или лаптоп која опфаќа: • проверка на исправноста на компјутерските компоненти со детални тестови на секоја компонента • целосно отворање на системот и проверка на протокот на воздух и исправноста на вентилаторите и кулерите • проверка на температурите на загревање на матичната плоча, процесор, хард диск • стручни предлози за подобрување на работата на Вашиот компјутер / лаптоп Целосно механичко чистење на компјутер или лаптоп, одделно на секоја од следните компоненти: • матичната плоча • графичката карта • напојувањето со струја • системите за ладење на процесорот и • хард дискот Запушувањето на вентилаторите и системите за ладење на процесорот, хард дискот, графичката карта и напојувањето со струја може да предизвикаат сериозни проблеми во работата на Вашиот компјутерски систем. Покрај лошото функционирање на овие компјутерски компоненти, може да дојде и до нивно прегорување поради прегревање, а тоа прегорување да повлече откажување и на низа други компоненти од компјутерскиот систем. Затоа се препорачува редовен компјутерски сервис, на временски период од максимум 6 месеци. Нитро Компјутери реши да Ви ја даде оваа одлична промоција за да ги заштедите Вашите пари.

Nitro WipeDestroy – неповратно бришење на податоци од медиум

13.020 ден
Nitro WipeDestroy е алатка којашто овозможува патентирано неповратно бришење на податоци од медиумите каде што тие се сместени, со повеќекратно бришење на податоците и запишување врз нив на податоци генерирани на произволен начин. Се интегрира во NitroOS (оперативен систем) со другите Нитро апликации и алатки.

Nitro Network Backup – резервни копии за заштита на податоците

6.510 ден
Nitro Network Backup овозможува автоматизирано правење на резервни копии за заштита на податоците, со распоредување на задачите за компресирање и копирање на податоците на една или повеќе дополнителни локации, во локална мрежа или на cloud.

Nitro CleanUP – чистење на непотребните фајлови од дисковите

6.510 ден
Nitro CleanUP врши автоматизирано опционално чистење на привремените (temporary) фајлови на серверите и работните станици, како и чистење на произволно многу други фајлови според предефинирани начини за нивно пронаоѓање, во наведени фолдери за чистење и/или според дел од името на фајловите.

Nitro CryptProtect – заштита од ransomware – вируси за откуп

6.510 ден
Nitro CryptProtect e најдобрата заштита на податоците од ransomware – вируси за откуп. Користи свој патентиран начин за автоматизирано компресирање, шифрирање и криење на резервна копија од податоците на мрежен фолдер со можност за дополнителна заштита на копијата од податоците на cloud.

СТАРТЕР ПРОГРАМСКИ ПАКЕТ Нитро N-SMET Нитро Сметководство – Вашиот сметководствен робот :: Nitro N-SMET :: Your accountant robot

39.060 ден
Со модулите N-FIN (финансово работење), N-MAT (материјално работење), N-KOM (комерцијално работење), N-PLATI (плати) и N-DILER (дилерско работење) Ви помага во добрата организираност на работните процеси во фирмата, забрзување на работата и почитување на сите законски регулативи во Република Македонија. Стартер програмскиот пакет ги вклучува модулите со основните неопходни функционалности за започнување на уредно и ажурно работење со помали трошоци за фирмата. Како што се создава потреба и напредувате во работењето, можете да вршите набавка на потребните напредни модули од сметководствениот робот.

Нитро Достава – Систем за евидентирање и наплата на достави на пратки – Вашиот робот за достава

390.600 ден
Софтверскиот модул N-DOSTAVA од Нитро N-SMET е наменет за работата на доставна служба, управување со доставата на пратки, следење на позициите на доставувачите, автоматски избор на доставувач којшто се наоѓа најблиску и автоматизација на наплатата на услугите.

Нитро Авто Школа – Програма за изработка на тестови и тестирање на кандидати

22.712 ден
Нитро Авто Школа е софтверско решение за изработка на тестови и тестирање на кандидати.

Nitro Изв конвертор – програма за евиденција и пресметки на извршител

155.736 ден
Nitro Изв конвертор е софтверско решение коешто овозможува автоматизација на работата со предметите кај извршителите. Користи повеќе конфигурабилни извори на податоци и може да продуцира повеќе видови на документи.

НитроНотарПредмети :: NitroNotarPredmeti – програма за работа со предмети кај нотар

130.200 ден
NitroNotarPredmeti е софтверско решение коешто овозможува автоматизација на управување со предмети кај нотарите. Користи повеќе конфигурабилни извори на податоци и може да продуцира повеќе видови на документи.

NitroNotarNPN – апликација за автоматизирана подготовка на решенија за нотарски платен налог

78.120 ден
NitroNotarNPN е софтверско решение коешто овозможува автоматизација на подготовката на нотарски платни налози (НПН) кај нотарите. Користи повеќе конфигурабилни извори на податоци и може да продуцира повеќе видови на документи.