Дијагностика на исправноста и функционалноста на компјутер или лаптоп која опфаќа:
• проверка на исправноста на компјутерските компоненти со детални тестови на секоја компонента
• целосно отворање на системот и проверка на протокот на воздух и исправноста на вентилаторите и кулерите
• проверка на температурите на загревање на матичната плоча, процесор, хард диск
• стручни предлози за подобрување на работата на Вашиот компјутер / лаптоп
Целосно механичко чистење на компјутер или лаптоп, одделно на секоја од следните компоненти:
• матичната плоча
• графичката карта
• напојувањето со струја
• системите за ладење на процесорот и
• хард дискот
Додавање на термална паста на кулерите на:
• процесорот и
• графичката карта
Целосно подмачкување со уље на компјутер или лаптоп, одделно на секој од следните вентилатори за:
• процесорот
• графичката карта
• напојувањето со струја
• куќиштето и
• хард дискот
Запушувањето на вентилаторите и системите за ладење на процесорот, хард дискот, графичката карта и напојувањето со струја може да предизвикаат сериозни проблеми во работата на Вашиот компјутерски систем. Покрај лошото функционирање на овие компјутерски компоненти, може да дојде и до нивно прегорување поради прегревање, а тоа прегорување да повлече откажување и на низа други компоненти од компјутерскиот систем. Затоа се препорачува редовен компјутерски сервис, на временски период од максимум 6 месеци. Нитро Компјутери реши да Ви ја даде оваа одлична промоција за да ги заштедите Вашите пари.