N-MAT e модул на N-SMET којшто овозможува сеопфатно материјално работење, вклучува многу различни влезни документи како девизна влезна фактура за увоз, девизна калкулација за вкалкулирање на трошоците на увозот во набавната цена на артиклите, домашна набавка, трошочен влезен документ, приемница во магацин, влезна консигнација, основен документ за производство, повратница испратница, преносница меѓу магацините, документи за внесување на основни средства и ситен инвентар и ПЛТ (Приемен лист во трговијата на мало). Вградени се многу излезни документи како испратница со цени, количинска испратница, излезна консигнација, утрошок, работен налог / јob, повратница, резервација, реверс, требување, отписна фактура, документ за корекција, кало и растур, резервација, реверс и packing list. Модулот овозможува прецизно евидентирање на почетните состојби на годината, подготовка на нарачка – ORDER, изработување на пописни листи и произволен број на материјални состојби во моменти на работењето. Материјалните извештаи опфаќаат Преглед и регистрација на дневен промет, Набавна вредност и маржа на излезни документи, МЕТГ извештај (Материјална евиденција во трговијата на големо), Лагер листа, Промет по денови, Влез/излез по артикли, Картичка за артикал, Промет на коминтент, Состојба на коминтент и многу други.
Испораката на производите со вредност еднаква или поголема на 3000 денари ја вршиме бесплатно на целата територија на земјата. За испораката на нарачките под 3000 денари до Вашата врата обезбедивме привилегирана цена од ELS - Eco Logistic Service од само 100 ден. на територијата на целата држава.
Сервисите на Вашите уреди Нитро компјутери може да ги врши на тој начин што ќе ги доставите, а ние ќе Ви ги вратиме поправените уреди преку поштенски сервис ELS за цена од само 100 ден. за адресници во Скопје и само 150 ден. за адресници во другите делови на земјата (вклучено достава до сервис и враќање).
Достава на производите по прием на уплата на било која адреса во Македонија се врши за 1-3 дена.
Доколку се случи некој одбран производ моментално да не биде на залиха во магацинот на продавницата, веднаш Ве контактираме за да се договориме за заменски производ, или испорака на саканиот производ со договорен подолг рок за испорака, ако е потребно подолго време за да се обезбеди.