Софтверско решение коешто се состои од целосна интернет продавница и подмодул од N-SMET кој служи за поврзување со Нитро интернет продавницата, во која што автоматизирано се експортираат артиклите и услугите од главниот софтвер. Овозможува групно пренесување на артикли и услуги во интернет продавницата коишто се појавуваат во документите во дефиниран период за домашни набавки, увози, резервации, реверси, фактури, авансни фактури, сторно авансни фактури, про-фактури, фискални сметки, сторно фискални сметки, испратници цени, извозни фактури и консигнации, коишто се изменети во дефиниран период во Шифрарникот на артикли и услуги, по основен дел од шифра за варијации и категории и марки на артикли. Во обратна насока, подмодулот за интернет продавница овозможува читање на нарачките од интернет продавницата во N-SMET во нови редици со документи - Резервација Интернет, Про-фактура Интернет и Фактура Интернет. Содржи и едноставен FTP клиент за размена на фајлови со интернет серверот каде што се хостира интернет продавницата.