Програма N-SMET : N-KOM комерцијално – робот за автоматско книжење изводи од банки
Роботот за автоматско книжење изводи од банки овозможува автоматизирана обработка на изводите преземени од сите деловни банки во земјата во комерцијалниот модул N-KOM.
Поддржани се два формати за преземање на изводите од банките, во MS Excel фајлови и во МТ940 SWIFT текст пораки со изводи.
Обработката на изводите се врши во две фази. Во првата фаза се вчитуваат податоците од изводите од банките во N-SMET и се врши проверка дали постојат сметките на комитентите и добавувачите од ставките во изводите во Шифрарникот на комитенти/добавувачи. Во втората фаза се внесуваат ставките во документи изводи во N-KOM, се врши внесување на уплатите и исплатите и се ажурираат состојбите на комитентите и добавувачите.
Ако е потребно, понатаму документите изводи од комерцијалниот модул N-KOM може да се искнижат со роботот за книжење по конта во финансовиот модул N-FIN.
Софтверско решение за Интернет-продавница интегрирана со материјално и комерцијално работење
Софтверско решение коешто се состои од целосна интернет продавница и подмодул од N-SMET кој служи за поврзување со Нитро интернет продавницата, во која што автоматизирано се експортираат артиклите и услугите од главниот софтвер. Овозможува групно пренесување на артикли и услуги во интернет продавницата коишто се појавуваат во документите во дефиниран период за домашни набавки, увози, резервации, реверси, фактури, авансни фактури, сторно авансни фактури, про-фактури, фискални сметки, сторно фискални сметки, испратници цени, извозни фактури и консигнации, коишто се изменети во дефиниран период во Шифрарникот на артикли и услуги, по основен дел од шифра за варијации и категории и марки на артикли. Во обратна насока, подмодулот за интернет продавница овозможува читање на нарачките од интернет продавницата во N-SMET во нови редици со документи - Резервација Интернет, Про-фактура Интернет и Фактура Интернет. Содржи и едноставен FTP клиент за размена на фајлови со интернет серверот каде што се хостира интернет продавницата.
Програма N-SMET : N-ANALIZI модул за статистички анализи на работењето
Со модулот N-ANALIZI може да се врши проучување на работењето на фирмата. Содржи статистички извештаи за прометот на коминтентите во фирмата и залихата, набавките и продажбата на артиклите по периоди и сумарно за годината. Модулот овозможува вкрстено споредување на податоците од различни временски периоди.
Програма N-SMET : подмодул Наплатен центар
Подмодул Наплатен центар прикажува опционални автоматизирани потсетници за Вашите обврски и побарувања, со можност за испраќање на известувања за долгови на клиентите по e-mail или SMS. Со помош на Наплатниот центар клиентите ги подмируваат своите долгови спрема Вас ажурно и овозможува Ваше почитување на Законот за финансиска дисциплина.
NitroDMS – електронски деловодник и архива (Document Management System)
NitroDMS претставува софтвер за управување со документи, електронски деловодник и архива на документи. Имате можност за водење на свој план на архивски знаци со рокови за чување на документарниот материјал. Се води посебна редица за документите кои имаат изминат рок и NitroDMS нуди нивно трајно и неповратно уништување со опционалниот патентиран Nitro WipeDestroy подмодул.
Програма N-SMET : N-DILER модул за дилерско работење
Модулот за дилерско работење N-DILER овозможува водење на неограничено многу нивоа на соработници. Се интегрира со N-SMET за автоматска пресметка на цените на дилерите според доделеното ниво. Содржи функционалности за подготовка на ценовници според дилерско ниво, експортирање и импортирање на податоци.
Програма N-SMET : N-PLATI модул електронско известување
Програма N-SMET : N-PLATI плати модул
Програма N-SMET : нормирање на 2 нивоа и напредни калкулации
Подмодул на N-MAT којшто овозможува нормирање на 2 нивоа, на прво ниво репро материјал којшто се користи во производството и второ ниво нормирање на суровините коишто се трошат за производство на репро материјалите. Содржи напредни калкулации за потрошувачката на суровини и тежината, димензиите и волуменот на репро материјалите и крајните производи. Се користи при напредното производство во фабрики.
Програма N-SMET : напредно производство
Програма N-SMET : N-FIN финансово модул
Финансовото работење е наменето за сметководителите. Може да функционира потполно независно од другите програмски модули (рачно да се книжи во него), но може и да се користи заедно со другите модули за автоматско генерирање на книжењата во него (подоцна во N-FIN можете да ги измените книжењата или да внесете нови). Покрај стандардните функционалности на сметководствен софтвер, содржи и подмодул за водење на основни средства и автоматска пресметка на амортизација.
Nitro WipeDestroy – неповратно бришење на податоци од медиум
Nitro WipeDestroy е алатка којашто овозможува патентирано неповратно бришење на податоци од медиумите каде што тие се сместени, со повеќекратно бришење на податоците и запишување врз нив на податоци генерирани на произволен начин. Се интегрира во NitroOS (оперативен систем) со другите Нитро апликации и алатки.
Nitro Network Backup – резервни копии за заштита на податоците
Nitro CleanUP – чистење на непотребните фајлови од дисковите
Nitro CryptProtect – заштита од ransomware – вируси за откуп
СТАРТЕР ПРОГРАМСКИ ПАКЕТ Нитро N-SMET Нитро Сметководство – Вашиот сметководствен робот :: Nitro N-SMET :: Your accountant robot
Со модулите N-FIN (финансово работење), N-MAT (материјално работење), N-KOM (комерцијално работење), N-PLATI (плати) и N-DILER (дилерско работење) Ви помага во добрата организираност на работните процеси во фирмата, забрзување на работата и почитување на сите законски регулативи во Република Македонија. Стартер програмскиот пакет ги вклучува модулите со основните неопходни функционалности за започнување на уредно и ажурно работење со помали трошоци за фирмата. Како што се создава потреба и напредувате во работењето, можете да вршите набавка на потребните напредни модули од сметководствениот робот.
Нитро Достава – Систем за евидентирање и наплата на достави на пратки – Вашиот робот за достава
Nitro Изв конвертор – програма за евиденција и пресметки на извршител
НитроНотарПредмети :: NitroNotarPredmeti – програма за работа со предмети кај нотар
NitroNotarNPN – апликација за автоматизирана подготовка на решенија за нотарски платен налог
NitroNotar – евидентно работење на нотар
NitroPDF нотар конвертор подмодул за списи, решенија и доставници
NitroPDF нотар конвертор
Програма N-SMET : подмодул N-FIN ZFD – Закон за финансиска дисциплина
Подмодулот ZFD - Закон за финансиска дисциплина овозможува евиденција и потсетување за рочноста на документите. Преку панелот на подмодулот Наплатен центар може да се испраќаат автоматизирани потсетници за долговите на клиенти со е-mail и SMS пораки. Овозможува додавање на соодветните напомени на излезните документи со помош на кои можете да си ги остварите своите права што произлегуваат од Законот за финансиска дисциплина.
Nitro Basic Network Backup – софтвер кој овозможува правење на backup (резервна копија) на важните податоци на регуларна основа.
Овозможува планско извршување на backup-от во одредени денови од неделата, месечно или годишно (schedule). Може да прави резервна копија во локална или WAN мрежа, или на преносен медиум. Целосно конфигурабилен. Може да се исконфигурира за да прави и задачи на одржување на компјутерот - дефрагментација на дисковите, проверка на дискот и сл. Цената се однесува на инсталација на еден компјутер.
NitroSync – програмски модул за синхронизација на податоци
NitroSync е софтверско решение коешто овозможува синхронизација на податоци помеѓу сите бази на податоци и синхронизација на фајлови преку локална мрежа или телекомуникациски врски.
Синхронизира податоци од едни во други табели со поддршка за сите типови на бази на податоци. Овозможува напредна синтакса во конфигурацијата со користење на SELECT команди.
Се користи и како синхронизатор на фајлови од еден изворен во повеќе дестинациски директориуми.
Nitro O.R.G. – Организатор, потсетник, диспечер
NitroDMS Нотар – електронски деловодник и архива за нотар (Document Management System)
NitroDMS претставува софтвер за управување со документи, електронски деловодник и архива на документи, прилагоден за работа на нотари. Содржи можност за водење на свој план на архивски знаци со рокови за чување на документарниот материјал. Се води посебна редица за документите кои имаат изминат рок и NitroDMS нуди нивно трајно и неповратно уништување со опционалниот патентиран NitroDestroy подмодул.
Програма N-SMET : модул напредно управување со количини на артикли
Подмодулот за напредно управување со количини овозможува нови полиња во деталите за артиклот, преку коишто може да се дефинираат Праг 2 за количина од која програмата ќе почне да ги предупредува корисниците за количината и Праг 1 за минимална количина и приближување кон целосно трошење на лагерот од артиклот.
Програма N-SMET : N-MAT материјално модул
N-MAT e модул на N-SMET којшто овозможува сеопфатно материјално работење, вклучува многу различни влезни документи како ПЛТ поврзано со целосна ТРГОВСКА КНИГА. Вградени се многу излезни документи и модулот овозможува прецизно евидентирање на материјални состојби. Материјалните извештаи опфаќаат и Преглед и регистрација на дневен промет, Набавна вредност и маржа на излезни документи, МЕТГ извештај, Лагер листа, Промет по денови, Влез/излез по артикли, Картичка за артикал, Промет на коминтент, Состојба на коминтент и многу други.
Програма N-SMET : N-KOM комерцијално подмодул за нотарско работење
Комерцијалниот модул N-KOM приспособен за работа на нотар, oвозможува лесно изработување на сите излезни документи во нотарското работење. Содржи темплејти за подготовка на комерцијалните документи кај нотарот и автоматизирано вчитување на процесираните предмети од Notarius. Со помош на Трговската книга може да се води прецизна ЕТ книга (Евиденција во трговијата), поврзана со ПЛТ (Приемен лист во трговијата на мало) и ДФИ (Дневен финансиски извештај), како и ЕТУ извештај (Евиденција на трговски услуги), КДФИ извештај (Книга на дневни финансиски извештаи) и многу други комерцијални извештаи.
Програма N-SMET : N-KOM Мат-ИОС извод на отворени ставки
Програма N-SMET : N-KOM комерцијално модул
Комерцијалниот модул N-KOM oвозможува работа со сите излезни комерцијални документи, водење на лагер листа со набавна вредност и продажна вредност и следење на ДДВ во реално време. Со помош на Трговската книга може да се води прецизна ЕТ книга (Евиденција во трговијата), поврзана со ПЛТ (Приемен лист во трговијата на мало) и ДФИ (Дневен финансиски извештај), како и ЕТУ извештај (Евиденција на трговски услуги), КДФИ извештај (Книга на дневни финансиски извештаи) и многу други комерцијални извештаи.