Nitro WipeDestroy – неповратно бришење на податоци од медиум
Nitro WipeDestroy е алатка којашто овозможува патентирано неповратно бришење на податоци од медиумите каде што тие се сместени, со повеќекратно бришење на податоците и запишување врз нив на податоци генерирани на произволен начин. Се интегрира во NitroOS (оперативен систем) со другите Нитро апликации и алатки.
Nitro Network Backup – резервни копии за заштита на податоците
Nitro Network Backup овозможува автоматизирано правење на резервни копии за заштита на податоците, со распоредување на задачите за компресирање и копирање на податоците на една или повеќе дополнителни локации, во локална мрежа или на cloud.
Nitro CleanUP – чистење на непотребните фајлови од дисковите
Nitro CleanUP врши автоматизирано опционално чистење на привремените (temporary) фајлови на серверите и работните станици, како и чистење на произволно многу други фајлови според предефинирани начини за нивно пронаоѓање, во наведени фолдери за чистење и/или според дел од името на фајловите.
Nitro CryptProtect – заштита од ransomware – вируси за откуп
Nitro CryptProtect e најдобрата заштита на податоците од ransomware – вируси за откуп. Користи свој патентиран начин за автоматизирано компресирање, шифрирање и криење на резервна копија од податоците на мрежен фолдер со можност за дополнителна заштита на копијата од податоците на cloud.
СТАРТЕР ПРОГРАМСКИ ПАКЕТ Нитро N-SMET Нитро Сметководство – Вашиот сметководствен робот :: Nitro N-SMET :: Your accountant robot
Со модулите N-FIN (финансово работење), N-MAT (материјално работење), N-KOM (комерцијално работење), N-PLATI (плати) и N-DILER (дилерско работење) Ви помага во добрата организираност на работните процеси во фирмата, забрзување на работата и почитување на сите законски регулативи во Република Македонија. Стартер програмскиот пакет ги вклучува модулите со основните неопходни функционалности за започнување на уредно и ажурно работење со помали трошоци за фирмата. Како што се создава потреба и напредувате во работењето, можете да вршите набавка на потребните напредни модули од сметководствениот робот.
Нитро Достава – Систем за евидентирање и наплата на достави на пратки – Вашиот робот за достава
Софтверскиот модул N-DOSTAVA од Нитро N-SMET е наменет за работата на доставна служба, управување со доставата на пратки, следење на позициите на доставувачите, автоматски избор на доставувач којшто се наоѓа најблиску и автоматизација на наплатата на услугите.
Нитро Авто Школа – Програма за изработка на тестови и тестирање на кандидати
Нитро Авто Школа е софтверско решение за изработка на тестови и тестирање на кандидати.
Nitro Изв конвертор – програма за евиденција и пресметки на извршител
Nitro Изв конвертор е софтверско решение коешто овозможува автоматизација на работата со предметите кај извршителите. Користи повеќе конфигурабилни извори на податоци и може да продуцира повеќе видови на документи.
НитроНотарПредмети :: NitroNotarPredmeti – програма за работа со предмети кај нотар
NitroNotarPredmeti е софтверско решение коешто овозможува автоматизација на управување со предмети кај нотарите. Користи повеќе конфигурабилни извори на податоци и може да продуцира повеќе видови на документи.
NitroNotarNPN – апликација за автоматизирана подготовка на решенија за нотарски платен налог
NitroNotarNPN е софтверско решение коешто овозможува автоматизација на подготовката на нотарски платни налози (НПН) кај нотарите. Користи повеќе конфигурабилни извори на податоци и може да продуцира повеќе видови на документи.
NitroNotar – евидентно работење на нотар
NitroNOTAR претставува софтвер за евидентирање и ефикасно управување со предмети кај нотар, електронски деловодник и архива на предмети. За секој предмет може детално да се евидентираат трошоците поврзани со него и статусот во којшто се наоѓа неговата реализација.
NitroPDF нотар конвертор подмодул за списи, решенија и доставници
Овој подмодул на NitroPDF нотар конвертор овозможува автоматска подготовка на обвивки за списи, решенија и доставници за побрзо управување со предметите кај нотарите.