Заштита на доверливоста на Вашите податоци
Политика на приватност
1. Кои информации ги собираме?
Вашата приватност целосно се почитува за време на посетата на интернет продавницата.
При посета на интернет продавницата NITRO.MK ги обработува само Вашите лични податоци коишто се неопходни за да успешно ја извршиме доставата на производите и услугите. При електронската наплата на нарачките, NITRO.MK нема пристап до податоците поврзани со Вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат преку заштитена интернет страница до платежниот процесор Casys и банката преку сигурна врска со користење на протокол за енкрипција на податоците.
2. За кои цели се користат собраните податоци и информации?
Вашите лични податоци ги обработуваме:
– за овозможување на доставата на нашите производи и услуги и
– за администрирање на содржината, промоциите и други функционалности на страницата, а со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и производите што ги нуди.
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која што се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.
3. На кој начин се врши обработката на личните податоци?
Обработката на Вашите лични податоци NITRO.MK ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Вработените во НИТРО КОМПЈУТЕРИ се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучувајќи ги и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи, за што имаат посебна клаузула во договорите за вработување. NITRO.MK применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите за да обезбеди заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани во нашата продавница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во законски предвидена постапка.
4. Други информации
Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страницата од корисниците, NITRO.MK може да евидентира и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за идентификација на одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.
5. Колачиња на пребарувачот на интернет
“Cookies” се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот уред заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата, но не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите фајлови NITRO.MK го следи движењето на посетителите на страната и на тој начин собира податоци за да се подобри корисничкото искуство и да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата. На интернет страницата има само таков тип на “Cookies” што се чуваат на уредот на корисникот онолку време колку што тој има поставено во интернет пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.
6. Промени во политиката за приватност на личните податоци
NITRO.MK има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.
7. Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, Ве молиме не ја користете интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.