ОДРЖУВАЊЕ НА СОФТВЕР, МРЕЖА И ЦЕЛОСЕН КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ

СЕРВИСНИ ПАКЕТИ

За финансиските услови на сервисните пакети погледајте ја претходната опција:

ОДРЖУВАЊЕ НА СОФТВЕР, МРЕЖА И ЦЕЛОСЕН КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ

Светските анализи во моментот покажуваат дека на секое претпријатие со компјутерска мрежа или софтвер практично му е потребна поддршка од информатички инженери и техничари и одржување на компјутерите, програмите, мрежата и системот како целина.
Одржувањето иако претставува одреден трошок на месечна основа, гледано на долги патеки ја зголемува продуктивноста на фирмата, организираноста на системот и како резултат носи и поголем профит за фирмата.
Сигурноста на податоците и нивната заштита од губење претставува уште една голема придобивка од доброто одржување на системот. Со нашите решенија за редовен синхронизиран back-up на податоците добивате потполна сигурност на податоците, веројатноста од губење на податоци се сведува на минимум, а процесите за заштита се одвиваат во позадина, без никаков Ваш ангажман.
Нашиот софтвер Nitro N-SMET :: Нитро Сметководство со модулите: N-FIN, N-MAT, N-KOM, N-PLATI, N-DILER и N-ANALIZI Ви помага во добрата организираност на работните процеси во фирмата, забрзување на работата и почитување на сите законски регулативи во Република Македонија.

Нитро Компјутери има 20 години искуство во одржување и консултации за ИТ проекти. Сакаме да Ви ги понудиме следните пакети за одржување на Вашиот систем.
Пакетите се базирани на број на интервенции во текот на месецот и времето на одзив во случај на потреба од итна интервенција, како и телефонска поддршка и поддршка од далечина со наше најавување на Вашиот систем.

Пакетите од групата Стартер, Универзални и Професионални ги вклучуваат следните привилегии (ако Ви се потребни):
• редовна бесплатна инсталација на новите верзии и закрпи (patch-ови) на модулите од N-SMET кои ги имате купено за Вашата фирма
• бесплатно советување и информации за новите законски измени преку системот за информации на Нитро N-SMET :: Инфо Канал
• електронска или телефонска поддршка за вработените во Вашата фирма, при што од тежината на пакетот, зависи и посветеноста на нашите вработени на поддршката спрема Вас
• редовно собирање на испразнетите тонери и кертриџи и нивно полнење по привилегирана цена од

  • 200,00 ден. за кетриџ, црн или боја за инкџет печатачите
  • 500,00 ден. за тонер за ласерските печатачи

• стандарден попуст на целата техника купена од нашата фирма до 10%, зависно од маржата на техниката
• редовна заштита на податоците, бази на податоци и документи на сигурно место.

СТАРТЕР ПАКЕТИ